Сезоната на алергии во голема мера започна, а со тоа и добро познатите симптоми како кивање, кашлање и насолзени очи.
Иако алергиите се третираат со антихистаминици, помалку е познато дека нивните симптоми може да ги ублажи и чаша алкохол, поточно, џин-тоник.
Хистаминот и сулфитот се супстанции кои ги влошуваат алергиските реакции и се наоѓаат во одредени видови храна и алкохолни пијалаци – претежно во потемни и ферментирани, како што се црвено вино и пиво.
Наспроти нив, џинот и тоникот имаат мала количина хистамин, а џинот, првично, воопшто не содржи сулфит, освен ако производителот дополнително не го додаде во пијалакот.
Токму поради споменатата содржина, овој коктел може да ги отвори дишните патишта и да ги намали алергиските симптоми. За да се избегне забуна, тоа нема да ја излечи алергијата, но ќе ги ублажи тешкотиите.
Фото: Pexels