Ѕвезда на појадокот: Кремав намаз од грашок

Почестете се со вкусен намаз од грашок, нане и маскарпоне ...

0
347

Овој ароматичен намаз е готов за само неколку минути, а целото семејство ќе може да ужива во него преку целиот ден. Тоа што ќе ви остане ставете го во мала тегла и искористете го за вечера.

Комбинирајте го со свеж црн леб, домашен крекер или свеж зеленчук.

Состојки:

300 г грашок

1 чешне лук

Сок и кора од половина лимон

10 исечкани ливчиња нане

100 г маскарпоне

Сол и црн пипер

Приготвување:

Ако користите свеж грашок, сварете го во солена вода, исцедете и почекајте да се олади. Замрзнатиот грашок одмрзнете го целосно. Грашокот, исечканиот лук, сокот и кората од лимон и нането ставете ги во блендер сѐ додека смесата не се изедначи.

Додадете го маскарпонето, измешајте и зачинете по вкус.

Фото: Pixabey