Што треба да јадете за да го намалите холестеролот

се реди блитва, тиквичка на тркалца, пржен кромид со печурки сецкани, пропржен рендан морков со ориз, тиквички на тркалца и повторно блитва. Па ако имате проблем со покачен холестерол, време е за целер во супата или во смуди, за едно јаболко на ден и грашок 2-3 пати во неделата

0
412

Веројатно веќе сите знаете дека за високиот холестерол се највиновни заситените масти па ако не сакате да имате проблем со покаченото ниво на холестерол во крвта, треба да внимавате на исхраната.

Имено, постојат намирници кои не се само дел од здравата исхрана, туку активно помагаат во намалувањето на холестеролот. Препорачуваме, доколку холестеролот ви е на граница на дозволеното ниво во крвта, наместо веднаш да почнете со лекови за намалување на холестеролот, обидете се со исхраната.

Сега ќе ги наведеме најважните намирници кои треба да ги вклучите во вашето мени, а вие обидете се да воведете барем некои од нив во вашата дневна исхрана. Колку повеќе од овие намирници користите, толку подобри резултати можете да очекувате. Особено ако го намалите внесот на заситени масти.

1. Јаболка – медицински експерти откриле дека јаболката можат да го намалат нивото на холестерол за дури 38%. Значи, со редовна консумација на јаболка или сок од јаболко, може да се постигнат убави резултати.

2. Лук – Лукот има моќ да го намали присуството на холестерол во крвта за 11%. Може да се користи во форма на таблети според упатствата на производителот или едноставно да се зема барем едно чешне свеж лук на ден.

3. Грашок – Ако јадете грашок неколку пати неделно, можете да го намалите холестеролот за 6% за само еден месец.

4. Снегулки од житни култури – На пример: овес, јачмен и пченица, благодарение на тоа што се богати со влакна, се исто така одлична храна за намалување на холестеролот.

5. Целер – Целерот е исто така одличен за оваа намена, а уште подобро е ако се комбинира со сок од лимон.

6. Артичоки – артичок е растение кое го стимулира согорувањето на маснотиите во организмот, па логично е дека на овој начин помага во намалување на холестеролот. Но, што се однесува до тоа, треба да знаете дека не се препорачува за жени кои дојат, бидејќи има негативно влијание врз лачењето на млеко и за луѓето кои имаат проблеми со црниот дроб и бубрезите.

Фото: Pixabey