Шест знаци дека никогаш не треба да пробате кето диета

Еве шест причини зошто треба да размислите двапати пред да почнете или да продолжите да практикувате диета со малку јаглени хидрати.

0
334

Keто диетата стана исклучително популарна во последните неколку години. Луѓето се надеваат дека диетата со малку јаглени хидрати ќе им помогне да ослабат, но и да го подобри нивното здравје.

Постојат дури и некои научни докази дека оваа диета навистина може да ви помогне да ги постигнете овие цели, но др. Марк Кукузела, професор на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Западна Вирџинија, кој објави истражување за диетата со малку јаглени хидрати, истакнува дека тоа не е добар избор за секого.

Еве шест причини зошто треба да размислите двапати пред да почнете или да продолжите да практикувате диета со малку јаглени хидрати.

Веќе сте метаболички здрави

Истражувањата сугерираат дека висок процент на луѓе се соочуваат со одредено ниво на метаболичка дисфункција. Ова ги вклучува луѓето со вишок килограми, инсулинска резистенција, преддијабетес или дијабетес тип 2.

Но, ако сте меѓу луѓето кои имаат здрав метаболизам и добар одговор на инсулин, тогаш не мора да се грижите за внесот на јаглехидрати. Доброто метаболичко здравје значи дека не се борите со некоја комбинација на проблеми со крвен притисок, шеќер во крвта, холестерол, тежина или недостаток на енергија.

Сакате да ослабнете од краткорочни или естетски причини

Истражувањата сугерираат дека исхраната со малку јаглени хидрати може да доведе до губење на тежината, бидејќи може да помогне во управувањето со апетитот и при намалување на изворите на додадени калории, како што се шеќерот и рафинираните житарки.

Но, примарната придобивка од кето диетата е враќање на метаболичкото здравје, подобрување на реакцијата на инсулин и намалување на воспаленијата, вели Кукузела.

„Ние сакаме луѓето да ги задржат мускулите и да ги изгубат висцералните маснотии околу органите што предизвикуваат воспаленија. Губењето на центиметар на струкот значи дека успешно ги користите маснотиите како гориво”, објаснил тој.

Исто така, значителна количина на брзо изгубени килограми што луѓето можат да ги забележат по краткотрајната кето диета, всушност се состои од вода, такашто тие килограми можат брзо да се вратат кога повторно воведувате јаглехидрати во вашата исхрана.

Имате историја на нарушувања во исхраната

Исхраната со малку јаглени хидрати може исто така да биде проблематична ако имате нездрав однос со храната, вклучително и сегашни или претходно нарушени навики во исхраната. Тоа вклучува и чувство на вознемиреност заради зголемувањето на телесната тежина и компулсивна потреба за контрола или ограничување на консумацијата на храна, како и прекумерна консумација на храна, емоционално прејадување или зависнички однесувања во исхраната.

Ако се препознаете во ова, најдобро би било да побарате стручна поддршка за да пронајдете идеална форма на диета за себе.

Под постојан стрес сте, слабо спиете или се соочувате со големи животни промени

Ако чувствувате дека сте под стрес, не спиете доволно или неодамна сте доживеале нешто вознемирувачко, тогаш е најлошо време да ја промените вашата исхрана, вели Кукузела.

Ваквите настани го зголемуваат производството на кортизол, хормон на стрес, во вашето тело. Исто така, треба да бидете ментално и емоционално стабилни за голема промена во исхраната, такашто ќе можете да ги постигнете посакуваните резултати.

„Ако немате енергија и време да се подготвите за успех, нема да успеете“, вели Кукузела.

Немате енергија или сте лошо расположени повеќе од една недела

Луѓето кои имаат исхрана со малку јаглени хидрати, често доживуваат преоден период во кој можат да се чувствуваат невообичаено уморни или нерасположени. Оваа состојба е позната и како кето грип. Сепак, Кукузела предупреди дека иако е нормално да се чувствувате малку невообичаено додека вашето тело се прилагодува на согорувањето на маснотиите, треба да се чувствувате поенергично за четири до седум дена.

Ако ова не се случи дури и по една недела, тоа може да биде знак дека имате значителни метаболички проблеми за кои ќе треба повеќе време за да се решат подолго или дека нешто едноставно не е во ред.

Користите лекови

Конечно, иако има сè поголеми докази дека исхраната со малку јаглени хидрати може да помогне при хронични здравствени проблеми како што е дијабетесот, важно е да се консултирате со лекар пред да одлучите да преминете на овој вид на исхрана. Особено ако веќе користите лекови.

Големите промени во вашата исхрана може да го променат начинот на кој вашето тело реагира на лековите, предупреди Кукузела.

Текстот е од ТУКА.

Фото: Pexels