Состојки:
1 шолја вода
1 шолја незасладен сок од јаболка
2/3 шолја шеќер
1/2 лажичка цимет
1/8 лажичка мелени каранфилчиња
2 шолји јогурт
¼ шолја кисела павлака
300-400 г јагоди
неколку ливчиња свеж босилек
Приготвување:
Во големо тенџере помешајте 3/4 шолја вода, сок од јаболки, шеќер, цимет и каранфилчиња. Кога ќе зоврие тргнете го настрана. Ставете ги јагодите и преостанатата вода во блендер и измешајте ги додека не добиете компактна смеса. Додадете го изладениот сок од јаболки и јогуртот и оставете да стои во фрижидер најмалку 2 часа.
Послужете со павлака и украсете со свежи ливчиња босилек.
Фото: Unsplash