Соленки со крафт пиво и пармезан

Овие домашни соленки се прават брзо и лесно, а посебен вкус им дава додатокот на црно крафт пиво

0
147

Состојки:

500 г брашно

200 мл црно крафт пиво (ако немате крафт пиво, можете да употребите и индустриско. Ние за среќа имавме едно заборавено длабоко во фрижидерот од нашиот пријател Марјан Костадиновски, производител на крафт пиво)

200 мл масло (најубаво е да бидат со путер или со маслиново масло)

1 лажичка сол

1 прашок за пециво

1 јајце

50 г пармезан

ким и/или сусам (по ваша желба)

Приготвување:

Замесете тесто од состојките, а пармезанот, семките и белката оставете ги настрана.

Откако ќе го замесите тестото, оставете го 10 минути да се одмори, а потоа развлечете го со помош на сукало, премачкајте го со белка и поросете со ким или со сусам (или со двете) и со пармезан.

Завиткајте ги во спирали и печете ги во загреана рерна околу 20 минути.