Смоквите имаат повеќе калциум и од млекото, а содржат и ….

...Железо, фосфор, калиум, магнезиум, витамини Б6, Е, Ц и витамин А, но и бета -каротин, а бидејќи 100 грама смокви имаат околу 60 калории, можат да ги консумираат и оние кои се грижат за килограмите.

0
422

Сезона е на вкусни и сочни смокви, а еве и зошто треба да уживате во ова овошје
Навистина се ретки оние кои не се воодушевени од вкусот на ова омилено медитеранско овошје, смоквите, а најчесто ги консумираме свежи, во облик на џемови или сушени
Смоквите се омилено овошје на Медитеранот од дамнешни времиња, а старите Грци и Римјани ги сметале за симбол на машкост, плодност и моќ.

Иако се многу слатки и полни со природни шеќери, 100 грама смокви имаат околу 60 калории, а покрај тоа се полни со железо, фосфор, калиум, калциум, магнезиум, витамини Б6, Е, Ц и витамин А, но и бета -каротин, па можат да ги консумираат и оние кои се грижат за килограмите.

Сепак, внимавајте: луѓето кои страдаат од покачен дијабетес или сакаат да ослабат, не треба да консумираат смокви во големи количини.

Покрај тоа, ова овошје е полно со калциум, дури и повеќе од млекото, а магнезиумот содржан во смоквите е ефикасен и против покачен крвен притисок, ПМС и несоница.

Овие плодови не се нарекуваат без причина вистинско богатство на здравје, особено затоа што содржат големи количини растворливи и нерастворливи влакна. Токму нерастворливите влакна играат важна улога во редовното празнење на дебелото црево, бидејќи ја врзуваат водата, што на крајот е форма на превенција од рак на дебелото црево. Исто така, студиите покажале дека растворливите влакна имаат ефект на намалување на холестеролот во крвта и спречување на рак на белите дробови. Само пет смокви дневно обезбедуваат повеќе од 20 проценти од препорачаната дневна количина на влакна.

Совет: Како да ги изберете најдобрите смокви?

Кога купувате, одберете ги оние смокви кои имаат богата, длабока боја, малку како слива, а ако станува збор за јадранска смоква со зеленикава боја, нека ви биде водилка нејзината цврстина. Треба да имаат сладок мирис, а доколку забележите кисели ароми, тоа е знак дека смоквата го поминала идеалното време за консумирање.

Бидејќи лесно можат да ја променат бојата и да станат кафеави, се препорачува да бидат наредени во плитка чинија и секако, покриени за да не ја изгубат свежината и да не ги соберат мирисите на околната храна во фрижидерот.

Ако сте купиле незрели смокви, се препорачува да ги чувате на собна температура, но подалеку од директна сончева светлина.

Иако најчесто ги користиме во десерти или колачи, смоквите се совршен додаток и на пици, но и во смути, салати …

Фото: Unsplash