Сладок компир како превенција од рак

Истражувањата покажале дека слаткиот компир има одлични антиоксидантни и антиинфламаторни својства, благодарение на што може да помогне да се спречат и да се ублажат симптомите на голем број болести.

0
230

Слаткиот компир е одличен извор на различни нутритивни соединенија неопходни за правилно функционирање на телото. Претходните истражувања покажале дека слаткиот компир има одлични антиоксидантни и антиинфламаторни својства, благодарение на што може да помогне да се спречат и ублажат симптомите на голем број болести.

Еве неколку причини зошто слаткиот компир треба почесто да се наоѓа во вашата чинија!

1. Сладок компир за ублажување на симптомите на артритис

Бета каротен, магнезиум, цинк и витамин Б комплекс го прават слаткиот компир одличен за ублажување на симптомите на артритис.

2. Сладок компир за превенција од рак

Секојдневната консумација на сладок компир може да помогне да се спречат ракот на бубрезите и на дојката. Се покажало дека слаткиот компир е особено ефикасен во спречувањето на ракот кај жените кои поминале низ менопауза.

3. Сладок компир за контрола на дијабетес

Слаткиот компир може да го регулира ослободувањето на инсулин, но на дијабетичарите им се советува да го консумираат умерено. Слаткиот компир може да биде одлична замена за ориз, тестенини или компири.

4. Сладок компир за превенција од срцеви заболувања

Заради високото ниво на калиум и витамин Б6, слаткиот компир учествува во спречувањето на срцев и мозочен удар. Слаткиот компир го регулира нивото на електролити, како и нивото на крвниот притисок.

5. Сладок компир против хронични воспаленија

Благодарение на високата содржина на бета каротен, витамин Ц и магнезиум, слаткиот компир е одличен за превенција на хронично воспаление, за што е докажано дека го зголемува ризикот од бројни болести.

Фото: Unsplash