Ракијата дезинфицира само ако има 60 или повеќе проценти алкохол

И кај нас, како и кај повеќето балкански народи е вкоренето мислењето дека ракијата „ги лечи сите проблеми“, па од почетокот на пандемијата на коронавирусот и недостатокот на средства за дезинфекција на пазарот, луѓето почнаа да ги вадат домашните резерви на база на алкохол. Еве 5 работи кои можеби не сте ги знаеле

0
1205

Сливовата  ракија е најпознатата ракија на Балканот. Но, ракија се прави и од круши, дуњи, јаболки, смокви и ореви.

  1. Најстарата ракија е од Бугарија

Ракијата е жесток пијалок што се добива со дестилација на ферментирано овошје. Се смета за национален пијалок на многу словенски народи. Не е познато кој прв започнал со производство на ракија, но најстариот сад за дестилација на овој пијалок е пронајден во Ивајловград, Бугарија, а датиран од 11 век.

  1. Името го добила по потта

Зборот ракија е од арапско потекло и е изведен од зборот ал-рак, што во слободен превод значи пот. Се претпоставува дека таа пристигнала во нашиот регион со Турците, околу 15 век.

  1. Ракија се прави и од тартуфи

Сливовата ракија е најпознатата ракија на Балканот. Но, овој алкохолен пијалок се подготвува и од круши, дуњи, јаболка, смокви и ореви. Гроздовата ракија пак, се подготвува од ферментирано грозје и по потреба се ароматизира со разни билки. Меѓу понеобичните ракии на пазарот секако е и онаа со бел тартуф.

4. Ракијата „ги лечи сите болести“

И кај нас, како и кај повеќето балкански народи е вкоренето мислењето дека ракијата „ги лечи сите проблеми“. Овој пијалок помага при забоболка, варење и болки во грлото, ја намалува болката во мускулите и е корисно средство за подобрување на лошото расположение. Некои веруваат дека масажата на грбот со лековити билки ја елиминира болката во тој дел од телото.

  1. Ракијата може да биде дезинфекциско средство

Од пандемијата на коронавирус и недостатокот на средства за дезинфекција на пазарот, луѓето почнаа да ги мешаат домашни препарати на база на алкохол. Тука често се споменува и ракијата. Но, треба да се знае дека средството за дезинфекција ќе биде ефикасно само ако користите ракија со 60% или повеќе проценти алкохол. Индустриски произведените ракии пак, обично имаат од 40 до 50 проценти алкохол.

Фото: Pixabey