Разбудете се со храна: Овие намирници помагаат кога ќе ви се појави замор на работа

Одвојте десет минути за меѓуоброк, изедете нешто од оваа листа и ќе бидете како нови.

0
131

Нормално е да се умориме на работа во одреден момент, особено откако сме завршиле некои тешки и комплицирани задачи или откако сме поминале неколку часа на состанок. Сепак, треба да се разбудите што е можно поскоро, бидејќи работниот ден не е завршен. Дали знаете дека некои намирници може да ви помогнат во тоа? Одвојте десет минути за меѓуоброк, изедете нешто од оваа листа и ќе бидете како нови.

На врвот на списокот на намирници што будат е, очекувано, кафето кое брзо ќе ги активира мозочните вијуги. Сепак, неговиот ефект трае кратко и може да предизвика вознемиреност. Ако сакате да го избегнете ова, или едноставно не сте голем обожавател на кафе, може да посегнете по една од следниве намирници:

1. Риба
Таа ќе го намали крвниот притисок, а редовната консумација може да го намали ризикот од Алцхајмерова болест и артритис. Покрај тоа, омега-3 масните киселини го стимулираат мозокот, како и неговата меморија.

2. Јаткасти плодови
Најдобар избор се бадемите, кои го подобруваат општото здравје, но и она што е најважно на работа – концентрацијата. Се разбира, и другите јатки како ореви и лешници се одлични.

3. Зрнесто овошје
Познато е дека има големо влијание врз циркулацијата на крвта и општото здравје на организмот, но дали знаевте дека бобинките играат голема улога во добрата меморија на мозокот? Многу истражувања го потврдија тоа, и тие ги наведуваат боровинките како најдобар избор.

4. Соја
Производите од соја содржат високо ниво на триптофан и серотонин, кои се директно поврзани со подобрена функција и фокус на мозокот. Вклучете ги во менито најмалку двапати неделно.

Фото: Pexels