Посна руска салата

Дури и ако постите, можете на празничната трпеза да ја имате омилената руска салата во едно поинакво издание, со сардини

0
847

Состојки:

2 конзерви сардини

посен мајонез

4 помали моркови

4 кисели краставички

1 поголем компир

300 грама грашок

Сол, црн пипер

Приготвување:

Компирот, морковите и грашокот сварете ги и исечкајте ги на коцкички. Додадете ги ситно исечканите краставички, и згмечените сардини, зачинете по желба и измешајте со посен мајонез додека не го добиете вкусот и изгледот што ви се допаѓа. Ставете ја смесата во стаклен сад и оставете ја во фрижидер барем еден час пред да ја сервирате.

Фото: Pixabey