Паштета, салата, тестенини, колачи со протеини од штурец и брашнести црви

Во петокот (27.09.) во центарот на Загреб, Иван Пажанин, еден од најпознатите хрватски шефови во соработка со Даниел Пикл, еден од пионерите на исхраната со инсекти и оснивач на првата фарма за инсекти во регионот, организираа настан на кој поделиле повеќе од 1.200 порции „зачинети“ со инсекти.

0
768

Викендов, во центарот на Загреб (Europski trg), поточно, во петокот, 27.09. од 17 до 22 часот, еден од најпознатите хрватски шефови – Иван Пажанин, во соработка со Даниел Пикл, еден од пионерите на исхраната со инсекти во регионот и оснивач на првата фарма за инсекти во Загреб, обајцата вљубеници во инсекти, организирале настан на кој поделиле повеќе од 1.200 порции „зачинети“ со инсекти.

На овој настан за кој многумина беа скептични со оглед на тоа што беше најавено дека ќе се дегустираат рецепти со инсекти кои се сѐ уште нова и необична тема во овој дел од светот, имало огромен број љубопитни посетители, доволно храбри за да ги испробаат специјалитетите приготвени за овој настан.

Даниел Пикл последниве години на својот блог Cricky ја промовира оваа несекојдневна исхрана, а Иван Пажанин пак е познат кулинарски мајстор кој веќе некое време приготвува специјалитети во кој главна или барем споредна улога имаат и инсектите кои многумина ги нарекуваат и „храна на иднината“.

Па така, во рамките на споменатиот настан се дегустирале повеќе видови на храна и инсекти, а Пикл е задоволен од посетеноста.

Паткина паштета од здрав џигер со врвен квалитет и со протеин од штурец.

Салата од рукола со шери домати, милерам сирење и брашнести црви.

Тестенини со протеин од штурец и пржени штурци, и додаток од суви брашнести црви и ларви на црви, пржени штурци на масло и многу други.

Пикл и Пажанин

На многумина овие рецепти сигурно им звучат чудно, дури и непријатно, но Пажанин и Пикл им покажале на присутните дека тоа не мора да е ниту чудно, ниту непријатно. Напротив. Барем така изгледа со оглед на бројот на порции кои им биле принудени на присутните – 1.200.

Пажанин веќе готвел во рамки на настан на Агрономскиот факултет во Загреб, а Пикл вели дека станува збор за вкусно и хранливо јадење кое во азиските земји е уште одамна стандард, а во Европа тукушто ја доживува својата експанзија.


Инаку, Пикл и неговата сопруга подготвиле и колачи со протеин од штурец во прав (30%), со додаток од путер и чоколадо.

Ако се мелат во прав, тогаш, вели Пикл, можат да се додадат во секое јадење.

Следниот пат, ги очекуваме и во Скопје. Има заинтересирани?