Оригано, незаменлив зачин, но и лек

Истражувањата покажале дека oриганото има два до три пати поголемо антиоксидантско дејство од другите билки и дури 42 пати повеќе од јаболката, 30 пати повеќе од компирот, 12 пати повеќе од портокалот и 4 пати повеќе од боровинката.

0
185

Преполн е со есенцијални масла и лековити состојки, а се покажало дека има двојно повеќе антиоксиданти од јаболката, портокалите, но и боровинките!

На спомнувањето на ориганото, повеќето луѓе мислат на зачин со специфичен мирис, без кој пиците и тестенините се незамисливи. Сепак, поради лековитите состојки и есенцијалните масла што ги поседува, ориганото е исклучително ефикасен за голем број здравствени тегоби. Истражувањата покажале дека има два до три пати поголемо антиоксидантско дејство од другите билки и дури 42 пати повеќе од јаболката, 30 пати повеќе од компирот, 12 пати повеќе од портокалот и четири пати повеќе од боровинката.

На пример, чајот од оригано регулира голем број здравствени проблеми предизвикани од намален имунитет и оштетена флора на цревата, бронхитис, настинки, болки во грлото. Навистина, вкусот му е чуден, силен и горчлив и го чувствуваме во устата долго време откако ќе го испиеме.

Ако сакате да го направите чајот сами, ставете лажичка до две оригано во ѓезве со зовриена вода. Оставете го покриен најмалку пет минути. Потоа процедете го и испијте го.

Ако чајот е покриен во поголем чајник, колку подолго останува, толку станува повкусен. Важно е да не се олади целосно, бидејќи неговиот вкус тогаш не е многу пријатен.

Фото: Pixabay