Нашата читателка Ана неодамна набрала шипки и освен тоа што дел од нив суши за чај, решила од останатите да направи домашен витамин Ц во прав.
Како што вели, тешко се берат, уште потешко се чистат, односно се сечкаат врвчињата, па се сечат на пола, се оставаат да се исушат и потоа семчињата полесно се вадат.
Е потоа е веќе лесно, ги мелете и добивате домашен витамин Ц во прав.
Ако набравте шипки, пробајте па јавете што направивте.