Наместо пире од компири, направете кремаво пире од карфиол!

Подгответе вкусно, здраво и кремасто пире од карфиол за околу десет минути. Доволно е да го зачините со сол и црн пипер и да го сервирате со коцка путер

0
727

По желба, промешајте во него и рендан пармезан или поросете го со сечкани свежи пиперки.

Состојки:

2 главици од карфиол
180 г крем сирење
80 мл млеко
сол
црн пипер

путер

Приготвување:

Раздвојте ги цветовите и зовријте ги во врела вода десет минути, додека не омекнат. Добро исцедете ги и вратете ги во садот кадешто сте ги зготвиле. Испасирајте ги како пирето од компири, додадете крем сирење и млеко. Промешајте и зачинете. Послужете го со коцка путер и уште малку црн пипер.

Рецептот и фотографијата се од ТУКА.