Ловорот помага за регулирање на шеќерот, ама и за ослободување од стрес

Ловоровиот лист често се користи во готвењето, но дали знаевте колку е здрав и дека може да ви помогне да излечите разни болести, како и да се ослободите од стресот за помалку од 5 минути?

0
398

Листовите од ловор може да бидат директно поврзани со подобрување на функцијата на инсулинските рецептори, а со тоа и со регулирање на нивото на шеќер во крвта. За луѓето кои се изложени на ризик од развој на дијабетес, но и за оние кои веќе страдаат од оваа болест, редовната консумација на ловоров лист може значително да го намали ризикот од ненадејни промени во нивото на шеќер во крвта.

Се покажа дека чајот од оваа билка е ефикасен во лекувањето на дијабетес. Благодарение на еугенолот, има анти-воспалителни и антиоксидантни ефекти. Поради оваа причина, поборниците на народната медицина препорачуваат облог со крпа, претходно потопена во вода во која се варел ловоровиот лист. Овој облог помага при настинки, грип, кашлица и бронхитис.

Освен ова, ловоровиот лист има и други здравствени придобивки.

Го подобрува варењето

Благодарение на бројните корисни состојки, ловорот го стимулира дигестивниот процес, ги елиминира грчевите во стомакот и желудникот и поттикнува подобра циркулација на крвта. Ловоровиот чај се користи и во третманот на анорексија, односно губење на апетитот. Покрај тоа, ловоровото масло успешно третира габични заболувања, како што се габични инфекции на ноктите, бидејќи ова масло има и силно антигабично дејство.

Ја ублажува болката

Ловоровото масло се користи за лекување на болки во увото, модринки, стрии. Силниот аналгетски ефект на етеричното масло од ловор го прави речиси незаменлива состојка во терапијата на болки. Ловорот се користи и против главоболки бидејќи содржи партенолиди, супстанции кои поволно влијаат на мигрената.

Исто така, ова растение успешно се бори против ревматизмот, а болките во зглобовите лесно можете да ги отстраните со облози од ловорово масло, кои лесно можете да ги направите и сами. Згмечете во аван 20 гр свежи (зрели) бобинки од ловор, кои ќе ги варите 15 минути во 1 л врела вода. Добиениот сок процедете го преку платнена крпа и оставете да се излади. Соберете го маслото од површината и измешајте го со лажичка несолена свинска маст. Добро измешајте ја добиената смеса и чувајте ја во стаклена тегла. Тријте го болното место со добиената смеса, во тенок слој, два до три пати на ден.

Ловоров лист за искашлување

Ловоровото масло е еден од најмоќните препарати за зајакнување на телото и за превенција, бидејќи го чисти лимфниот систем. На пример, ако со неколку капки ги истриете отечените лимфни жлезди тоа ќе доведе до брзо чувство на олеснување. Се препорачува и како докажан лек за кашлица, но и за лекување на проширени вени.

Ги лекува чуклевите

Земете 5 големи листови ловор, иситнете ги и прелијте ги со 100 мл 70% алкохол (или домашна ракија). Оставете да отстои една недела, а потоа процедете. Намачкајте ги чуклевите со добиената смеса, но пред тоа добро испарете ги стапалата во топла вода (3 литри вода и 1 лажица сода бикарбона). Потоа избришете ги стапалата, намачкајте ги, облечете кратки памучни чорапи и легнете.

Исфрлање на вишокот на сол

Навечер прелијте една лажица ситно исечкан ловоров лист со 3 дл вода и варете во соодветен сад, максимум 5 минути. Истурете ја добиената течност во термос и оставете ја преку ноќ. Наутро исцедете ја течноста во друг сад и распределете го добиениот напиток во текот на денот. Пијте во мали голтки, во никој случај не пијте се одеднаш. Можете да го повторите овој третман по седум дена.

Ако се појави често мокрење, тоа е знак дека ловоровиот лист почнал да ја раствора солта, што може да го иритира мочниот меур. Вистинските резултати од овој третман ќе бидат видливи само за десет дена, кога ќе се чувствувате многу полесно, а болката во зглобовите ќе исчезне.

Против стрес

Ова евтино растение, кое сигурно го имате во вашата кујна, може да ви помогне да се ослободите од стресот и напнатоста за помалку од 5 минути! Имено, рускиот научник, Генадиј Малахов, открива дека ловорот ослободува од неверојатна количина на стрес.
Се што треба да направите е да запалите сув ловор во пепелникот. Излезете од просторијата на 10 минути и кога ќе се вратите, ќе забележите сосема поинаква атмосфера. Ќе почувствувате пријатен, релаксирачки мирис. Заради ослободување на одредени супстанции предизвикани од согорувањето, се создава позитивен проток на енергија. Вдишете длабоко и оставете мирисот да ви ги смири и телото и духот!

Фото: Unsplash