Лигњи на жар

Лигњите се одлични за здравјето, особено затоа што содржат многу протеини, минерали, а малку калории.

0
247

Како и другите морски плодови, лигњите се богати со селен – минерал кој е важен дел од телесниот антиоксидантен систем и 100 грама намирници задоволуваат околу 82 проценти од препорачаната дневна доза.

Покрај селенот, лигњите содржат и голем број витамини и минерали како витамини од групата Б, витамин Е, фосфор, цинк, магнезиум, калциум, железо и калиум.

Лигњите може да се подготват на илјада начини, да се полнат, да се пржат, да се варат, да се испечат во рерна или на жар.

Ние го направивме последново. Потпечени, прелиени со маслиново масло и со рузмарин и малку лимон.