Кога да јадете со прсти?

Советот на крајот од овој текст, оној дека за време на оброкот не треба да го користите телефонот на кој било начин бидејќи е тоа навредливо за другите на масата, денеска звучи како невозможна мисија. Значи, телефоните на маса, фотографирајте ја храната и прочитајте што можете да јадете со прсти, дури и кога сте во ресторан

0
192

Дури и во ресторан можете да јадете со раце, но само некои јадења. На пример, ако јадете ракчиња, слободно оставете го приборот, пишува новиот британски водич Debrett’s. Слободно јадете риба, школки, ракови со прстите, но салфетите нека бидат близу до вас. Избришете се по речиси секој залак, советува гастрономскиот водич.

Со прсти се јадат и сендвичи, пилешки и жабји копани, пица.

Дури и кога јадете со прстите, бидете учтиви и елегантни. Прво можете да ги исечете на мали залчиња кои потоа ќе ги јадете со рацете. Исто така, можете да го земете залакот прво со вилушка, а потоа да го симнете од неа со прстите и да го ставите во уста.

Без разлика дали јадете со прсти или не, седете исправено на масата и трпеливо чекајте да се излади храната.

Храната од лицето бришете ја само со салфета, никогаш со рацете. Не ги лижете прстите.

И знајте дека немате никогаш обврска да јадете со прсти, дури и кога тоа го прават сите други на масата.

И за крај, но не и најважно – не треба да го чувате мобилниот телефон на масата покрај вашата чинија, дури и ако очекувате важен повик. За време на вечера или ручек, не треба да го користите телефонот на кој било начин, тоа е навредливо за другите на масата бидејќи може да значи дека ви е здодевно со нив, па затоа ви треба друштво што го „криете“ во својот телефонски именик.

Меѓутоа, овој совет денес звучи како невозможна мисија. Значи, слободно, телефоните на маса, фотографирајте ја храната пред да почнете да јадете (може ли без тоа?!) и слободно јадете ги со прсти сите овие вкусни нешта за кои пишувавме, дури и кога сте во ресторан.

Фото: Pexels