Како да направите масло од глуварче?

Редовната употреба на масло од глуварче го зајакнува имунитетот и делува превентивно на појавата на рак на дојка.

0
394

Глуварчето е познато како лековито растение, а маслото од цветовите на глуварчето помага при артритис и гихт, отечени дојки, како и болки во зглобовите, главоболки во синусите, вкочанет врат и за несовршеностите на кожата. Маслото има релаксирачко и аналгетско дејство.

Редовната употреба на масло од глуварче го зајакнува имунитетот и делува превентивно на појавата на рак на дојка.

Состојки:

маслиново масло или по желба
цветови од глуварче

Приготвување:

Ставете ги цветовите од глуварче што се собрани на чисто место за да не мора да се мијат, во стаклена тегла и прелијте ги со маслиново масло. Цветовите треба да пливаат во маслото. Ако треба да ги измиете, проверете дали се добро исушени за да не влезе вода во маслото затоа што во таков случај постои можност маслото да се расипе.

Затворете ја теглата и оставете ја на сончево место 15 дена.
Потоа ставете газа во цедалка, процедете и префрлете го маслото во чиста стерилизирана тегла.
Убаво исцедете ги цвеќињата од глуварче за да излезе секоја капка од ова лековито масло.

Забелешка: Сите масла можат да се расипат, затоа се препорачува да го искористите ова масло од глуварче во рок од 9 месеци.

Фото: Pixabay