И за да ослабнете треба да јадете

Кога вагата не се поместува или почнувате да се дебелеете додека сте на диета, одговорот не е дека треба да јадете уште помалку, напротив, честопати решението е да јадете повеќе.

0
157

Ако се обидувате да изгубите тежина, на прв поглед има смисла да исфрлите што повеќе калории од вашата исхрана. За жал, сe уште е можно да не јадете доволно за да изгубите тежина, што не само што го отежнува постигнувањето на соодветната тежина, туку може да биде и причина за здравствени проблеми. Со други зборови, тоа што јадете помалку отколку што е потребно може да предизвика контра-ефект.

Еве неколку вообичаени знаци дека не јадете доволно за да го одржувате вашето тело. Кога не сте сигурни што да правите, секогаш е препорачливо да се консултирате со лиценциран нутриционист или здравствен работник.

Цело време размислувате за храна

Кога не јадете доволно во континуитет, тоа често резултира со прекумерно размислување за храна и постојани размислувања за следниот оброк. Ова може да се манифестира преку одредени активности, како што е прелистување на менијата на рестораните преку Интернет, уживање во гледање фотографии од храна на социјалните мрежи или гледање емисии за готвење.

Уморни сте и лошо расположени

Многу луѓе стануваат лути и бесни кога се гладни, и има некои научни докази што го објаснуваат ова. Кога не јадете доволно или долго време, шеќерот во крвта опаѓа. Ако остане на ниско ниво, исчезнува можноста за концентрација и трпение за другите и ментален фокус. Заморот и несвестицата, исто така, одат рака под рака со недоволен внес на храна, бидејќи едноставно не внесувате доволно енергија во своето тело.

Не можете да спиете

Ако не можете да заспиете, тоа е уште еден вообичаен резултат од тоа што не јадете доволно за да изгубите тежина. Неодамнешните истражувања, од врската помеѓу нарушувањата во исхраната и спиењето до врската помеѓу неисхранетите деца и спиењето, дополнително го нагласуваат силното влијание што го има исхраната врз нашиот сон. Покрај тоа, секогаш заклучокот е дека одржувањето на соодветен внес на енергија може да ги врати нормалните обрасци на сон и будност.

Имате проблеми со варењето

Кога вашето тело упорно не добива доволно калории за вашите потреби, дигестивниот тракт може побавно да ја движи храната низ „системот“, со цел да заштеди енергија. Како резултат на тоа, се јавува запек. Слична е ситуацијата кога не внесувате доволно влакна, што е често случај кога се намалува бројот на калории.

Вашата тежина или останува иста, или се зголемува

Кога вагата не се поместува или почнувате да се дебелеете додека сте на диета, одговорот е дека не треба да јадете уште помалку. Честопати решението е да се јаде повеќе. Започнете со додавање на одредени грицки или оброци помеѓу оброците и не заборавајте да ги вклучите сите макронутриенти – протеини, масти и јаглехидрати. Кога ќе почнете да јадете правилно и умерено, тежината ќе си дојде на своето.

Фото: Pexels