Излет со сонце, верверички и малку домашна, вкусна храна

Слободни масички и клупички, паднати лисја, сонце и верверички. И вкусна храна од малите локални производители

0
183

За излет не треба многу. Најмногу треба сонце, а деновиве го имаме во изобилие. Супер локација е Сарај, нема премногу гужва како на пример, во парк. Слободни масички и клупички, паднати лисја, сонце и верверички.

И секако, треба храна. Не мора многу, домашно лепче, купечки путер и неколку вкусни работи купени од пазарот за органски производи во „Јавна соба“.

Домашен леб од „Арт кујна“, одличен кашкавал од малиот производител на млечни производи Игор Поповски, слатко-лутиот џем од Страшко Милошевски и одличен органски џин од пријателот од Данска.