Зошто јајцата за појадок се подобар избор од житарките?

Знаеме дека појадокот е најважниот оброк во денот, но понекогаш наутро, додека сме сè уште поспани, тешко ни е да избереме што да јадеме. Изборот е уште потежок кога сакаме да јадеме здрав оброк, а не сме сигурни што е подобро.

0
384

Тим експерти од Лос Анџелес спровеле истражување во кое учествувале 20 учесници со прекумерна тежина. Ги поделиле во 2 групи, едната група јадела јајца за појадок, а другата житарки. И двата вида намирници содржат протеини и се одличен избор за појадок.

Што да јадете за појадок?
Сепак, научниците откриле дека јајцата се подобар избор затоа што ќе го задржат чувството на ситост многу подолго од житарките. Пред и на крајот од студијата, истражувачите ги измериле нивоата на грелин (хормон кој го стимулира гладот) и лептин (хормон кој ја стимулира ситоста).

Истражувачите откриле дека луѓето кои јаделе јајца за појадок имале пониско ниво на грелин и поголемо ниво на лептин во подоцнежните периоди од денот, што значи дека јаделе помалку храна во текот на денот, за разлика од групата што за појадок јадела житарки.

Истражувачите истакнуваат дека храната што содржи повисок квалитет на протеини, го одржува чувството на ситост подолго. Според резултатите од истражувањето, јајцата може да се користат за да се спречи зголемување на телесната тежина, но и за намалување на телесната тежина.

Едно големо јајце содржи околу 70 калории, 5 г протеини, 5 г маснотии и 186 мг холестерол. Научниците исто така истакнуваат дека вареното јајце е најздравата форма на подготвено јајце бидејќи не содржи дополнителни калории од маслото, а побезбедно е од суровото поради термичката обработка.