Здрава лимонада со лаванда, босилек и кардамом

Ако не сте пробале, пробајте ја задолжително оваа ароматична лимонада со многу интересна комбинација од лаванда, босилек и кардамом

0
293

Одамна се познатити лековитите својства на секоја од овие билки, па зошто тогаш да не ги искомбинирате. Направете го овој здрав пијалак кој не само што е вкусен, туку и убаво изгледа. Бидејќи бербата на лаванда веќе помина, наместо свежа, ставете сува лаванда.

Состојки:

1 лажица лаванда (свежа или сува)

 Исечкан свеж босилек (по вкус) + босилек  за украсување

пола или 1 лажица мед (по вкус) 

5 чаши вода

2 свежо исцедени лимони

1 лажичка кардамом

Приготвување:

Во стаклен бокал ставете ги лавандата, босилекот, кардамомот, лимоновиот сок и дополнете со топла вода, покријте и оставете да отстои 1 час на ладно место.

Додадете мед по вкус и додадете вода. Кога содржината на садот ќе се олади, ставете во чаша, измешајте и пробајте. Ако лимонадата е слатка, додадете вода. Украсете со босилек.

Фото: Freepik