Ако се обидувате да им подметнете тиква на оние кои едноставно не се љубители на оваа намирница, тогаш не се мачете залудно. Вкусот на тиквата во овој колач е доминантен.
Токму тоа пак е причината да им се допадне на тиквољупците.
Состојки:
500-600 г печена или варена тиква
100 г кафеав шеќер
1 ванилин шеќер
500 мл млеко
200 г гриз
6 јајца
200 г кисела павлака
зачини по желба
15 г путер за подмачкување на тавчето.
Приготвување:
Испечете ја тиквата (или сварете ја, по желба).
Испасирајте ја па изматете ја со миксер.
Ставете ги млекото и шеќерот на оган и пред да зоврие додадете ги гризот и ванилин шеќер, а кога ќе се згусне, тргнете го на страна, па додадете ја испасираната тиква и се заедно изматете со миксер.
Изматете ги јајцата па додадете ја павлаката, а потоа додавајте дел по дел од смесата со тиквата и гризот. Измешајте се убаво и истурете ја смесата во подмачката тепсија.
Печете во загреана рерна на 180 степени околу 40 минути.
Послужете со слатко од јагоди или некое друго, по ваш избор.