Едно тесто за сѐ

Има ли поубаво нешто од тоа да направите само едно тесто, а потоа од него да си правите и солени и слатки

0
320

И солено и слатко, за сечиј вкус.

Состојки:

300 мл млеко
600 г брашно
1 јајце и 1 жолчка
50 мл масло
1 лажичка шеќер

За слатка варијанта: џем по ваш избор
За солена варијанта: коцка сирење (50 гр.)

Приготвување:

Растворете го квасецот во млекото, додадете шеќер, јајце, брашно, масло и замесете помеко тесто.

Покријте го тестото и оставете го да се одмори 20 минути, па поделете го на еден поголем дел и 4 помали. Развлечете го најголемиот дел во правоаголник, премачкајте го со џем и завиткајте го во ролна.

Поставете хартија за печење во тепсија. Ставете ја штрудлата во еден дел од тепсијата, а со останатите топчиња направете кифлички со џем и со сирење.

Наредете сè на плехот за печење, покријте ги и по 15 минути премачкајте ги со жолчка и со малку масло. Печете на 200 степени околу 35 минути.

Фото: Pixabay