Евтина, а здрава зимница: Салата со цвекло и тиквици

Вклучете ја оваа здрава салата со цвекло и тиквички во зимницата за оваа година.

0
469

Есента е време за правење зимници, а секогаш е убаво кога ќе се најде некој нов, здрав, брз и евтин рецепт.

Нашиот предлог е овој рецепт за салата со тиквички и цвекло, кој исто така можете да го вклучите во зимницата, бидејќи вкусот е божествен.

Бидејќи сега е време да се подготвите за зимата, купете ги потребните состојки и направете барем 1 тегла во која сигурно ќе уживате.

Состојки:

600 гр цвекло
600 гр тиквички
1 кромид
1-2 чешниња лук
250 мл вода
40 мл оцет
25 гр шеќер
1/2 лажичка сол
4 зрна црн пипер

Приготвување:

Исчистете го цвеклото и варете околу половина час. Кога ќе се излади, изрендајте, го како и тиквичките. Исцедете ги тиквичките. Исечете го кромидот на тркалца, а потоа прелијте го со врела вода. Измешајте ги тиквичките, цвеклото, исцедениот кромид и грубо исечкан лук.

Промешајте добро и ставете во стерилизирани тегли. Истурете вода, оцет, сол, црн пипер и шеќер во тенџере и оставете да зоврие. Прелијте ја салатата и затворете ја теглата. Оваа количина е за 1 тегла.

Фото: Принтскрин/Јутјуб