Еве колку долго одреден вид месо може да стои во замрзнувачот

Замрзнете го месото на вистински начин и подоцна повеќе ќе уживате во вкусните јадења.

0
446
Фото: Unsplash

Купивте повеќе месо, но не планирате да го користите веднаш. Најдобар начин за складирање на сурово месо е да го замрзнете. Сепак, нема секое парче месо ист рок на траење, како и секој вид месо. Еве неколку совети за правилно чување на одредено месо.

Пилешко и мисиркино

Целите кокошки и мисирки можат да бидат во замрзнувач до една година. Ако ги замрзнете нивните парчиња како гради, батаци, карабатаци и крилца, треба да ги употребите во рок од 9 месеци, додека изнутриците не треба да се чуваат замрзнати повеќе од 3-4 месеци.

Свинско месо

Суровото свинско месо се замрзнува слично како говедското и друго месо. Ако свинското месо го исечете на коцки и го замрзнете, може да отстои 4-6 месеци, а печено 4-12 месеци. Преработеното свинско месо, како сланина, колбаси, виршли, шунка и сл., може да бидат во замрзнувач 1-2 месеци.

Говедско, телешко и јагнешко месо

Кога станува збор за свежото месо, тоа може да трае неколку месеци, во зависност од видот на месото. Суровите стекови може да се чуваат во замрзнувач од шест до 12 месеци. Котлетите сепак траат пократко заради коските – од 4-6 месеци. Печеното месо може да се замрзне и да се чува помеѓу четири месеци и една година.

Мелено месо

Без разлика за какво мелено сурово месо се работи, не треба да го чувате во замрзнувач повеќе од 3-4 месеци.

Рок на траење на месото во замрзнувач по видови:

Свинско месо со коски – 4 до 6 месеци
Свинско месо без коски – 4 до 12 месеци
Јагнешко и телешко – 9 месеци
Говедско месо со коски – 4 до 6 месеци
Говедско месо без коски – до 12 месеци
Цело пиле или мисирка – 12 месеци
Парчиња пилешко или мисирка – 9 месеци
Месо од мисирка или свинско месо – 3 до 4 месеци
Изнутрициа – 3 до 4 месеци
Сланина – еден месец
Колбаси – 1 до 2 месеци
Виршли – 1 до 2 месеци