Поради тоа што ова тесто се остава да стасува преку ноќ, лепчињата се лесно сварливи. Ако сакате можете да ги испечете и во калапи за мафини.
Состојки:
400 г брашно (можете да ставите на пример, р’жано брашно)
50 г оризово брашно
350 мл вода на собна температура
½ лажичка сув квасец
2 лажички сол
Неколку лажици чиа семе
Приготвување:
Помешајте ги брашната, квасецот и водата со дрвена лажица (додека смесата не се изедначи) па додадете сол и повторно сѐ добро измешајте. Смесата ќе биде многу леплива. Оставете ја во сад покриен со крпа да стасува преку ноќ (отприлика 10 – 14 часа) – тестото треба да биде тројно поголемо и да се појават мали меурчиња. Кога ќе стаса тестото е прилично лепливо и влажно па земајте со лажица и ставајте врз хартија за печење или во калапи за мафини. Поросете врз тестото чиа семе и оставете да стасува уште еден час.
Загрејте ја рерната на 220 степени и печете го 10 минути на оваа температура, а потоа намалете на 200 и печете уште 10-15 минути, додека не добијат убава златна боја. Печените лепчиња извадете ги од рерна и оставете ги да се оладат.
Фото: Pexels