Домашен пудинг со какао

Ако немате пудинг, а баш ви се јаде, побарајте дали имате дома густин?

0
262

Состојки:

1 л млеко
ставете 50 г шеќер или уште подобро, ако сакате поздрава варијанта, тогаш употребете 50 мл сируп од урми, толку колку што сакате да биде благ пудингот.
60 г какао
50 г густин
прстофат сол
20 г путер
екстракт од ванила
По желба се додава замрзнато овошје

Сите суви состојки се ставаат во тенџере, па се додава млекото и на среден оган, со постојано мешање за да не се направат грутки, се меша додека не зоврие, се остава уште 1-2 минути, па се трга на страна.

Кога малку ќе се излади се става путерот и естрактот од ванила.

Пудингот се префрла во садови за пудинг и се остава да се олади.

Ставете си одозгора од своето омилено замрзнато овошје. Ако немате, вкусно е и без него.