Вистински начин за замрзнување на боровинки што ги одржува свежи и до 10 месеци

На овој начин секогаш ќе имате свежо овошје во замрзнувачот.

0
251

Боровинките се едно од најдобрите овошја што можете да ги имате во вашата исхрана. Тие се полни со антиоксиданти, хранливи материи и влакна. Откако ќе ги собереме или купиме свежи, овие виолетови бобинки можеме да ги чуваме многу кратко време во нивната необработена форма. Затоа е најдобро да ги замрзнеме, но важно е да го направиме тоа на вистински начин.

Немојте да ги миете

Иако обично се замрзнуваат после миење и сушење, искусните домаќинки не препорачуваат да ги миете бидејќи со тоа се отстранува надворешниот „восочен“ слој кој го штити овошјето од бактерии. Наместо тоа, ставете ги боровинките на плех обложен со хартија за печење и оставете ги во фрижидер два часа, потоа спакувајте ги во кеси за замрзнување или во херметички затворени садови што ќе ја зачуваат нивната свежина.

Колку долго се јадат по одмрзнувањето?

Боровинките најдобро се консумираат во првите шест месеци по замрзнувањето, но можете да ги јадете и до десет месеци, важно е само да обележите на садот или на кесичката кога сте ги ставиле во замрзнувач.

Како се одмрзнуваат?

Ако се прашувате како да ги одмрзнете боровинките, тоа ќе го направите така што ќе ги растопите во сад со вода, брзо ќе ги исплакнете и веднаш искористите ги доколку ги користите за ладно смути или ќе ги оставите да отстојат додека не достигнат собна температура. Растопените боровинки се меки и совршени за пити, палачинки или мафини.

Фото: Pexels