Велат дека овој зеленчук е најздрав на светот

Речиси и да нема витамини или минерали кои не се содржани во поголема или помала мера во овој зеленчук. Станува збор за блитвата

0
465

Блитвата е темнозелен лиснат зеленчук од истото семејство кое ги вклучува цвеклото и спанаќот. Потекнува од Медитеранот, а денес е чест гостин во градините ширум светот.

Блитвата е високо ценета уште од дамнешни времиња за што сведочат и пишувањата на Аристотел од 4 век пр. н. е. Дури и во времето на античките Грци и Римјани, нејзините лековити сили биле препознаени и се сметала за чудесно растение.

Енергија и хранлива вредност

Блитвата во нејзините лисја крие многу хранливи материи, па затоа се смета за навистина моќна храна. Скоро и да нема витамини или минерали кои не се содржани во поголема или помала мера во овој зеленчук.

Според експертите, околу 13 различни антиоксиданти се присутни во блитвата, од кои се издвојуваат алфа и бета-каротен, лутеин, зеаксантин и холин.

Таа е еден од најздравите видови на лиснат зеленчук, нема голема енергетска вредност, но има одлична комбинација на витамини и минерали, фитонутриенти и прехранбени влакна.

Многу е корисна за зголемување на имунитетот, а исто така е и добар диуретик.

Карактеристични состојки на блитвата се лутеин и зеаксантин, кои честопати се нарекуваат „витамини за очите“. Освен што го чува видот, лутеинот обезбедува заштита на кожата од УВ зраци. Анализите покажале дека лицето содржи највисоки концентрации на лутеин во однос на целото тело, бидејќи е и најизложено на сонце.

Блитвата обезбедува хранливи материи кои можат да го регулираат високиот крвен притисок и да имаат корисен ефект врз кардиоваскуларниот систем, да ги намалат штетните ефекти на слободните радикали врз многу органи во телото и да имаат антиинфламаторно дејство, да ги олеснат грчевите во мускулите и мигрената.

Блитвата има висока содржина на витамин Ц и бета-каротен и изобилство на минерални соли. Исто така, содржи големи количини на витамини Б1, Б2 и калиум, магнезиум, манган, железо, калциум и други важни состојки.

Има завидна количина јаглехидрати, протеини, целулоза и растителни масла. Влакната од целулоза се важни затоа што ги врзуваат вишокот вода и токсичните состојки. Јаглехидратите се важни за мозокот и нервниот систем. Се верува дека редовната консумација може да го намали ризикот од Алцхајмерова болест.

Покрај тоа, ја подобрува крвта, ги зајакнува коските и ја штити целата слузокожа на телото. Со консумирање блитва, во организмот се внесуваат значителни количини на витамин К, што спречува дејство на клетките што ги уништуваат коските, а со тоа се намалува и ризикот од остеопороза.

Фото: Unsplash