Ако јадете пилешко, задолжително прочитајте го ова

Кокошките произведени на фармите за преработка на месо се богати со хормони, а кланиците даваат свој придонес со третирање на труповите на пилињата со средства за дезинфекција.

0
647

Пилешките гради се едни од клучните состојки на здравата исхрана, се сметаат за добар извор на протеини, а популарни се и поради нивната пристапна цена и лесната подготовка. Но, кога станува збор за индустриско пилешко, тоа е еден од највалканите видови месо.

Доколку се грижите за вашето здравје, неопходно е да се земат предвид ризиците кои ги носи честото консумирање на индустриско пилешко месо. За да се намалат трошоците за пилешкото филе, производителите мора да ги намалат трошоците за хранење на кокошките, а во исто време да го забрзаат нивниот раст, па како резултат на тоа се користи евтина храна и агресивни препарати за брзо дебелеење.

Просечниот животен циклус на кокошките на фармите за преработка на месо е од пет до седум недели, по што се убиваат и се испраќаат на преработка, од друга страна, домашните кокошки фармерите ги одгледуваат и до една година пред колењето. Хемиската изложеност започнува уште пред појавата на пилето, а се користат различни средства за дезинфекциски средства на кои се изложува јајцето, кое се транспортира во работилницата за одгледување каде што е изложено на моќни инјекции и антибиотици.

Вакцинирањето на пилињата се врши во групна постапка со употреба на аеросоли или на кокошките им се нудат препарати со вода, иако сите вакцини обично имаат безбедносни сертификати, опасноста лежи во неправилната употреба на вакцините, а освен тоа на потрошувачите им се заканува опасност и од неквалитетно месо заразено со болести како последица од вакцинирањето и неправилната употреба.

Болеста на едно пиле може да доведе до смрт на комплетната одгледувачница, па затоа антибиотиците се нудат во интервали, но во текот на целиот животен век на кокошката. Штетата предизвикана од ова е разновидна, а консумирањето на такво пилешко може да ја наруши работата на црниот дроб, бубрезите и дигестивниот тракт. Овој тип на пилешко третирано со антибиотици е опасно и за алергичари, може да предизвика имунитет на антибиотици, а покрај тоа многу е важно и со што се храни кокошката. Покрај адитивите во храната за пилешко, може да се најдат и пестициди, како и естроген, женски хормон кој ја зголемува телесната тежина кај кокошките, во исто време, кај жените вишокот на овој хормон може да резултира со менструални нарушувања, додека кај мажите предизвикува неплодност.

Честото консумирање на месо обработено со хормони може да доведе до проблеми со кожата и намален имунитет, а освен тоа, овој вид месо е особено опасен за децата. Кокошките произведени на фармите за преработка на месо се богати со хормони, а кланиците даваат свој придонес со третирање на труповите на пилињата со средства за дезинфекција.

Фото: Unsplash