Зошто прокељот секогаш треба да се вари во млеко?

Иако е неверојатно здрав зеленчук, за жал, некои луѓе, може да завршат со киселини откако ќе ја изедат својата порција мали зелчиња. Како може да се спречи тоа?

0
646

Прокељот не го сакаат сите, но факт е дека овој зеленчук е неверојатно здрав. Полн е со витамини, минерали и со растителни влакна. Помага во варењето на храната, може да ги намали акните и да ги подобри функциите на мозокот. Накусо: има доволно причини да почнат да го јадат и оние кои досега го избегнувале.

Меѓутоа, иако овој зеленчук е супер вкусен, здрав и хранлив, некои луѓе се соочуваат со некои недостатоци на оваа мала зелка. За жал, некои луѓе може да завршат со киселини откако ќе ја изедат својата порција мали зелчиња. Како може да се спречи тоа? Со готвење во млеко.

Не само што вашиот прокељ ќе има покремав вкус поради млекото, туку ќе имате помала шанса да добиете киселини. Додадете на прокељот млеко, малку шеќер и малку мускатно оревче и ќе имате апсолутно вкусен оброк. На овој начин, прокељот нема да биде толку тежок за вашиот стомак и нема да мора да подждригнувате поради нив. Кој би рекол дека готвењето во млеко може да има толку придобивки!