Освен религиски причини за постење, постовите се и еден од трендовите во исхраната и за 2019.година.
Од памтивек во многу цивилизации и религии, гладувањето е познато како едно од „средствата“ за прочистување – физичко, психичко, спиритуално.
Во Стар Египет постоела примена на т.н. „тераписко гладување“ кое било спроведувано низ подолг период, со цел јакнење на организмот. И Хипократ, како „Татко на медицината“, верувал дека гладувањето е одличен начин за прочистување на организмот и одмарање на системот за варење, кој го сметал за речиси најважен органски систем. Во текот на 19.век гладувањето било прилично популарно како терапија, односно начин за детоксикација на организмот.
Моделот на испрекинат пост е исхрана која има упориште во модерната наука, а подразбира ограничено време за внесување на храна во текот на денот и подолг пост преку ноќта.
Истражувањата спроведени на животни и помал број истражувања врз луѓе покажале дека таквиот начин на исхрана поволно влијае на чувствителноста на исулин, на функцијата на бета-клетки на панкреасот кои произведуваат инсулин, како и на крвниот притисок, оксидативниот стрес и апетитот.
Дури и минимални промени во ритамот на исхраната – на пример, внесувањето храна во текот на 11 часови и гладување во текот на 13 часа во денот – можат да предизвикаат позитивни промени.
Фото: Pixabey