Зошто е здраво да се пие текила?

0
469

Една работа е јасна – текилата не е баш ладен, здрав сок од кељ. Но истражувањата покажале дека постојат одредени квалитети кои ги има текилата, а ги прават нашиот организам и духот поздрави. Од здравје на коските па до помош при губењето килограми. Еве како текилата, ако е со висок квалитет, односно, 100 проценти текила од агава, може да биде добра.

Добра е за твоите коски

Според истражувањата на научниците од Мексико, билката од која се произведува текила – сината агава содржи материи кои ја подобруваат апсорпцијата на калциум и магнезиум во телото. И калциумот и магнезиумот се есенцијални минерали за одржување на здравјето на коските.

Текилата е еден од најдобрите алкохолни пијалоци за љубителите на фитнес

Алкохолот не придонесува за согорување на маснотиите ниту за изградба на мускулите. Но секој, па и оние кои многу тренираат, мораат одвреме навреме малку да се опуштат. И кога тоа ќе си го дозволат, сугерира Рич Тидмарш, фитнес тренер од Лондон, луѓето подобро да си земат текила отколку вино и пиво.

„Со отприлика 60 калории по чашка (во чашка бело вино е можно да има и 160 калории), со додаток на лимон и некој тоник, можете да уживате во овој летен напиток без да го расипете сиот труд и потта што сте ја пролеале во теретана“, вели тој. Додава како за мажите изборот на алкохол може да има големо влијание на хормоните. Затоа за оние кои работат на своите мускули е подобро да испијат две или три текили (не десет!) отколку едно крафт пиво.

Помага за варењето

Иако текилата не може да биде ваш дигестив, односно, појалок за после оброкот, истражувањата покажале дека тоа би бил најдобар избор за да му помогнете на своето варење. Билката агава содржи висока доза инулин, односно, топливи влакна што помага на системот за варење со добрите бактерии. Така, некои луѓе предлагаат испивање на една чашка текила пред јадењето за да се поттикне метаболизмот, а потоа една чашка по јадењето за да се поттикне варењето.

Помош при губењето килограми

Истражувањата покажале дека текилата помага при снижувањето на шеќерот во крвта. Шеќерите на агавата кои природно ги има во билката агава се несварливи што значи дека делуваат како диетални влакна и исто така го поддржуваат растот на здравите бактерии во устата и цревата. Се покажало дека шеќерите на агавата помагаат луѓето да се чувствуваат посити и така помалку да јадат.

Помага при спиењето

Иако се смета дека е пијалок за забави, текилата всушност ги опушта луѓето такашто им ги смирува нервите и затоа се смета дека е добро за несоница. Сепак, не дозволувајте да станете зависни и да се успивате постојано на тој начин.