Кој е воопшто ризикот од консумирање на храна што содржи вештачки бои? Неколку студии ја поврзале консумацијата на вештачки бои во храната со хиперактивноста и проблемите со однесувањето кај децата. Проблемот лежи и во фактот што децата консумираат многу повеќе вештачки бои од возрасните, бидејќи храната наменета за деца е најчесто со шарени бои.
Исто така, иако не постојат (познати) ризици за возрасните, докажано е дека неколку познати бои како Red 40, Yellow 5 и Yellow 6 во себе содржат канцерогени компоненти.
За среќа, храната со вештачки бои е многу лесно да ја избегнете ако внимателно ги читате етикетите на пакувањата. Но не заборавјте дека такви намирници можете да најдете таму кадешто најмалку ги очекувате. Еве некои од нив.
Чаден лосос
Розевата боја по која е лососот познат не е секогаш природна. Постојат производители кои користат комбинации од сина, жолта и црвена боја во своите производи од риба.
Житни снегулки
Во овој случај не станува збор само за шарените житни снегулки наменети за децата. Траги од сина и црвена боја се најдени дури и во снегулките од целовити житарки, најчесто кога во себе имаат парченца овошје.
Овошен јогурт
Ако фактот дека овошниот јогурт во некои случаи содржи повеќе шеќер од една крофна не е доволен, постои уште една причина порафи која би требало да го избегнувате. Имено, голем број производители на јогурт, наместо вистинско овошје користат токму вештачки бои и вкусови.
Преливи за салати
Дури и преливите кои би требало да бидат со бела боја (Caesar ili Ranch) , често содржат одредена количина вештачки бои, а тоа се однесува особено на варијантите со овошни ноти. Наместо купечки, подобро сами направете си преливи за салата.
Кисели краставички
Повеќето купечки кисели краставички од тегла содржат барем една од нијансите на сина или жолта боја.
Која од намирниците на оваа листа најмногу ве изненади?
Фото: Pixabey