Зошто да се прави роденденска торта кога може овошен брод?!

Некои луѓе навистина имаат креативни идеи за аранжирање на храната. Вака изгледа роденденскиот брод од овошје на нашата читателка Олгица Русимов Павловска

0
325

Скопјанката Олгица Русимов Павловска има Фејсбук страна Декорации уникатни кадешто ги става своите креации, некои со повод, а некои и без, онака, од моменталната инспирација.

А дека кога прави нешто тоа мора да биде и креативно и уникатно гледаме и од фотографијата која ја објави на својот ФБ профил и која ја замоливме да ни ја „позајми“.

За својот роденден направила вистинска мезе софра, а почесното место го имал роденденскиот овошен брод од лубеница, полнет со коцки лубеница и украсен со капини, малини, тркалца од лимон и портокал и банана.

Изгледа навистина фантастично, нели?

Ништо помалку интересни не се балетанките од тиквици полнети со руска салата. Патем, панделките на „балетанките“ се направени од домат.

Инаку, тиквичките прво ги печела на тивко, ги исцедила во цедалка, па ги наполнила со руска салата.

Истото го направила и со модрите домати кои се полнети со макало направено од внатрешноста од доматот, варен компир, сол и малку превриен зејтин. Може да се додаде и лукче и магдонос, вели таа, но доколку сите ги сакаат, во спротивно, полесно е да не се стави отколку да ми останат.