Зошто би требало да грицкате зрна какао?

Ако немате сила да го издржите работниот ден до крај, наместо да се напиете уште една шолја кафе, грицнете некое зрно какао. Скапи се, но 1 зрно се грицка цел ден, па доволни ви се 20 грама како неделна дена за целото семејство

0
817

Какаото низ историјата е опишуван како лек за многу болести, а новото истражување спроведено во Велика Британија покажало дека какаото штити од срцеви болести и мозочен удар.

Шолја какао дневно спречува згрутчување на крвта кои, доколку стасаат до срцето или до мозокот, предизвикуваат инфаркт.

Зрната какао им се добро познати на сите љубители на чоколадо кои знаат дека од нив се прави еден од најомилените „слатки гревови“, чоколадото. Но дали знаете дека и самите зрна сирово какао се јадливи и се многу здрави?

Има различни видови какао, но постојат три основни видови зрна:

Криоло

Го нарекуваат Ролс Ројс меѓу какао зрната. Покрива само 10 проценти од светското производство на какао зрна. Главно потекнува од земји од кои какао зрното има најстаро потекло, како што се Мексико, Венецуела, Никарагва. Ова зрно речиси секогаш се користи во мешавина со некои други, затоа што би било прескапо да се користи самото. Вкусот на зрната е благ, но со изразена чоколадна нота.

Форастеро

Многу поотпорни и полесни за одгледување, ова зрно чини 80 проценти од светската продукција. Чоколадото најчесто се прави од мешавина на разни подвидови на ова зрно. Самото зрно има силен и горчлив вкус.

Тринитарио

Ова е хибридно зрно, добиено со вкрстување на претходните две. Името потекнува од островот Тринидад. Се користи главно во мешавините на зрна. Покрива 10 до 15 проценти од светкста продукција.

Основните видови какао зрна имаат многу подвидови и потребно е големо знаење и долгогодипно искуство за да се направи квалитетна мешавина за добро чоколадо. Секој производител на чоколадо мешавината на зрната во рецептурите се држат во најголема тајност.

Еве неколку добри причини поради кои би требало да размислите и наместо чоколадо, да почнете да грицкате зрна какао.

Јадливите зрна какао се препржени и излупени од надворешната лушпа па се кршат на помали делови за да можат полесно да се јадат. Можете да ги грицкате како ужина, но можете и да ги додавате во разни јадења за да добиете крцкава текстура и препознатлива чоколадна арома. Покрај сето тоа, во организмот ќе внесете и нутриенти кои се од голема важност за општото здравје.

Нутритивна вредност на зрната какао

Околу 30 грама вака приготвени какао зрна содржат само 130 калории, 13 грама масти, 10 грама јаглени хидрати, 3 грама протеини. Овие зрна се еден од најбогатите диетални извори на магнезиум, а содржат и калциум, железо, бакар, цинк и калиум. Зрната какао содржат 272 милиграми магнезиум на 100 грама. Магнезиумот пак е многу важен минерал, а кај многу луѓе често се забележува токму неговиот недостаток. Магнезиумот има многу важна улога  кога станува збор за здравјето на нервите и функцијата на мускулите, јачината на коските и циркулацијата, а бидејќи нашиот организам не може да го произведе сам, многу е важно да го внесуваме по пат на суплементи.

Истражувањата покажале дека какао зрната содржат повеќе антиоксиданти од боровинките, црното вино и зелениот чај. Многу е важно да се напомене дека антиоксидантите во какао зрната се многу постабилни отколку во другите намирници и дека од нив полесно се асимилираат во организмот.

Бенефиции за здравјето

Од грицкањето на вкусните зрна какао можеме да имаме многу придобивки за општото здравје на организмот.

Го креваат нивото на енергија. Овие зрна содржат супстанција која се нарекува теобромин, стимуланс на централниот нервен систем кој има еднакво влијание на енергијата како и кофеинот. Ако немате сила да го издржите работниот ден до крај, наместо да се напиете уште една шолја кафе, грицкајте зрна какао.

Го поправаат расположението. Ова сигурно нема да ве изненади затоа што е познато дека истиот ефект го има и чоколадото. Какаото содржи аминокиселина триптофан кој произведува серотонин. Зголеменото ниво на серотонин во организмот позитивно влијае на расположението и ги ублажува симптомите на анкзиосност. Со грицкање на какао зрна се ослободува и ендорфин, природен опијат кој се наоѓа во нашиот организам, а ендорфинот е она што ни носи чувство на среќа и на некој начин, чувство на опиеност.

Ги ублажуваат симптомите на ПМС. Недостатокот на магнезиум во организмот резултира и со засилени симптоми на ПМС, а тоа можете да го ублажите со какао зрна. Дури 40 отсто од жените признава дека во текот на ПМС чувствува неверојатна потреба за чоколадо, а причина за тоа може да биде токму недосаттокот на магнезиум кој ќе го надоместите со зрната какао. Од друга страна грицкањето на какао е секако поздрава варијанта за ублажување на желбата за чоколадо.

Го контролираат апетитот. Бидејќи содржат хромијум, многу важен минерал кој го регулура нивото на шеќер во крвта и го става под контрола вашиот апетит.

Ја подобруваат циркулацијата. Какаото е богат извор на флавонол, моќен антиоксиданс кој е важен за добрата циркулација. Флавонолите ја потпомагаат превенцијата од крвни згрутчувања и создавање блокада во артериите такашто ја спречуваат оксидацијата на маснотиите во истите. Флавонолите ја прават крвта помалку леплива што го намалува ризикот од срцеви и мозочни удари.

Го подобруваат нивото на холестеролот во крвта. Во какаото се наоѓаат истите мононезаситени масти како и во маслиновото масло кое докажано го подигнува нивото на добриот холестерол во крвта.

Фото: Стефани Христов