Во подрумот на старото здание на болницата во Стразбур се наоѓа најстарото вино на светот кое се чува во дрвени буриња, пренесе радиото Frans ble.
Станува збор за алзашко бело вино од 1472. година, наведува радиото додавајќи дека научниците од Бургоња и Минхен го испитале виното и откриле дека тоа вино се дегустирало само три пати, во многу ретки пригоди.
Првпат во 1718. година при отварањето на зградата на болницата во Стразбур, вторпат во 1944. година кога се славело ослободувањето на градот, а третпат во 1976. за време на прославата на договорот за соработка помеѓу Цирих и Стразбур.
Во 2014.виното е преточено во резервоар од нерѓосувачки челик, а една година подоцна е вратено во дрвено буре кадешто ќе може да се чува во следните 250 години.
Frans ble на својот сајт објавил фотографии на огромното дрвено буре со средновековното вино и натпис на годината на производство, 1472.
Други детали за тоа вино не се соопштени.
Фото: Pixabey