Состојки:
1 тиквичка
1 морков
неколку цветчиња брокула
1 кромид
мало парченце ѓумбир
2 ловорови листа
црн пипер во зрна
сол
семки од тиква
свеж босилек
Приготвување:
Сварете ги тиквичката, морковот, кромидот и ѓумбирот во посолена вода со два ловорови листа и неколку зрна црн пипер. Пред крајот додадете ја и брокулата.
Оставете ги да се оладат и ставете ги во блендер. Додадете и од водата во која се вареше зеленчукот.
Сервирајте со неколку ливчиња свеж босилек и семки од тиква, евентуално, доколку сакате со интегрален кекс или ржано лепче, со павлака или со лимон.