Здрави тортилји од тиквички

Кога ќе ги правите најважно е добро да ја исцедите водата од тиквичките.

0
150

Состојки:

4 чаши (950 мл) тиквички, крупно рендани
1 големо јајце
1/2 чаша (120мл) свежо изрендан пармезан
1/4 чаша (60ml) трошки од леб
1/2 лажичка свежо рендан црн пипер
1/4 кафена лажичка морска сол
1/4 лажичка лук во прав
1/4 лажичка кумин

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 200 степени.

Изрендајте ги тиквичките и исцедете ги од течноста. Помешајте ги јајцето, пармезанот, презлите, зачините и тиквичките.

Во тавата за печење ставете хартија за печење. Земајте по ¼ чаша мешавина од смесата и ставајте врз хартија. Благо притиснете ги одозгора за да се формира круг и печете околу 20-25 минути. Послужете ги со фил по ваша желба.