Причина за главоболка можат да бидат многу работи, но во секој случај е подобро прво да се обидете да си помогнете себеси по природен пат, па дури потоа да посегнете по таблети.
Која и да е причината за вашата главоболка, пробајте прво да се ослободите од неа по природен пат, со помош на овој стар народен лек.
Потребни ви се:
10 чешниња лук
500 грама мед
Неколку зрна црн пипер
Приготвување:
Исчистете го лукот и секое чешне преполовете го па ставете ги сите во стаклена тегла заедно со зрната пипер. На крај, додадете го и медот. Затворете ја теглата и оставете ја да стои пет дена.
Употреба:
Кога ќе почувствувате главоболка, земете една лажичка од лекот. Овој народен лек можете да го користите и за кревањ ена имунитетот, такашто ќе земете една лажичка наутро, а една навечер, пред јадење. Покрај тоа што ќе си го зајакнете имунитетот, ќе го намалите и бројот на бактериите во телото, ќе го подобрите варењето, ќе го регулирате нивото на шеќер во крвта, но и притисокот.