Запечени компири со грав и павлака

Компирите се омилена храна за многумина и можат да се јадат во многу варијанти, а оваа е идеална за ладните зимски денови.

0
201

Состојки:

4 средно големи компири

1 кисела павлака

Сок од лимон

1 конзерва грав

1 кромид

Маслиново масло

Сол, црн пипер

Луто пиперче

Лук во прав
Други зачини по желба

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Намачкајте ја тепсијата со путер или со масло и ставете ги компирите да се печат околу 1 час, додека не омекнат.

Во меѓувреме, во павлаката измешајте црн пипер и сок од 1 лимон.

Кога се компирите речиси готови, издинстајте го кромидот па додадете ги зачините и гравот и динстајте уште неколку минути.

Кога се компирите готови, почекајте малку да се оладат, пресечете ги по половината, растргнете ја лушпата и наполнете ги со смесата со грав и со павлака.