Зад барот со Ѓорѓи Симјаноски, државен првак во барменство

Само со целосна доверба кон барменот може да се ужива во коктели и вкусови за кои не сте ни знаеле дека постојат.

0
200

Ако го прашате Симјаноски кое е идеалното годишно време за уживање во добро подготвен коктел, тој без сомневање ќе ви каже дека тоа е токму пролетта, поради сè што таа ни носи со себе, од свежи состојки, па се до пријатното пролетно сонце кое го буди духот и полека, но сигурно нè подготвува за летните авантури.

Сепак, нагласува дека ако сте во вистинскиот локал и во вистински раце, секој период од годината е одличен за да пробате нешто ново.

Она што Ѓорѓи посебно им го препорачува на своите гости е дека секогаш треба да се препуштат на искуството на барменот да ги води и да веруваат во неговиот избор. Тука, низ смеа, вели дека само со целосна доверба кон барменот може да се ужива во коктели и вкусови за кои не сте ни знаеле дека постојат.

Вистинското место создадено за вакво уживање и локалот кој дефинитивно морате да го посетите е Дистрикт Бар и Ресторан, каде што би го имале задоволството да ве послужува најдобриот бармен во државата.

Ѓорѓи Симјаноски воедно е и првиот државен првак воопшто на Првенството за бармени во Македонија кое веќе 11 години се одржува кај нас, за на 24. април оваа година повторно да триумфира на истиот настан, кој е во организација и под покровителство на Меѓународната Асоцијација на бармени.

За себе вели дека единствен начин да се одржиш себеси во оваа професија толку години, покрај секојдневното учење и надградување, е истата да ја работиш со многу љубов и страст, баш како што тој го прави тоа. За да се уверите, а и да имате можност да уживате во неговите уникатни рецепти, сè што треба да направите е да го посетите Дистрикт Бар и Ресторан, во склоп на Скопје Мериот Хотел, кој во својот тим на професионалци го вбројува токму него.