Зачини што секој оброк го прават поздрав

Со овие зачини ќе го збогатите секој оброк и ќе направите вистинска нутритивна бомба која ќе придонесе за вашето здравје и изглед

0
236

Здравствените предности на летните намирници како лубеницата или зрнестото овошје се добро познати, но постои нешто што го прави секој оброк вистинска здрава бомба.

Станува збор за вистински зачини и билки кои го збогатуваат оброкот и во исто време го прават и повкусен и поздрав.

Босилек – содржи разни фитохемикалии кои докажано ги балансираат шеќерот во крвта, го јакнат имунитетот, ја лекуваат депресијата, го јакнат помнењето, нои здравјето на кожата. Босилекот има сладок и свеж вкус којодлично оди со тестенини и салати.

Копар – можеби и најмалку ценетата зачинска билка има всушност многу здравствени придобивки. Има доакажани антивоспалителни свијства и традиционално се користи за лекување на проблемите со варењето. Копарот содржи етерични масла кои им помагаат на оние со констипација. Исклучително е корисен за несоница затоа што е богат со флавоноиди и витамин Б.

Мента – оваа билка е најпозната по своето дејство врз варењето и цревата. Имено, ги смирува тегобите со варењето и ја намалува надуеноста. Содржи антиоксиданси кои помагаат да се олеснат симптомите на алергиите, а помага и заублажување на реакциите на кожата. Можете да гја користите за ај, но идеално оди во сос од лук, оцети маслиново масло.

Оригано – во здравствените предности на оваа зачинска билка веруваат баш сите здравствени експерти. Познато е по антибактериските својства. Содржи тимол и карвакрол, соединенија кои ги штитат телото од широката лепеза бактерии кои влијаат на кожата, цревата и другите делови од телото. Го поттикнува развојот на белите крвни клетки и така помага за брзо опоравување од болести.

Фото: Pixabey