Зачини против стрес и за добро расположение

Циметот, ѓумбирот и кардамомот не само што се извонреден додаток за готвените јадења и печења, туку се и одлични против стрес, а научно е докажано и дека го поправаат расположението.

0
508

Медењаците и колачите со анис не се без причина омилени и кај стaрите и кај младите: зачините што содржат морско оревче, пимент и каранфилчиња намамуваат со прекрасната арома и освојуваат со извонредниот вкус. Нивните етерични масла позитивно влијаат на општата состојба на организмот: го поттикнуваат крвотокот и даваат чувство на топлина во текот на ладните зимски денови. Меѓутоа, тоа не е се: содржат и некои вредни материи кои позитивно влијаат на расположението. Уште во 12.век познатата исцелителка Хилдегард од Бинген им препорачувала на несреќно вљубените да јадат колачи со каранфилчиња, морско оревче и цимет.

Кардамом
Кардамомот заедно со шафранот и ванилата спаѓаат во најскапите зачини на светот. Освен што со неодолива арома ги облагородува и благите и солените јадења, богат е и со лековити својства.
Благотворно делува на варењето и го забзрува метаболизмот, па може да го ублажи проблемот со надуеноста и киселината.

Анис
После јадење џвакајте ѕвездест анис. Здивот ќе ви биде посвеж, ќе го поттикнете варењето и ќе се заштитите од вирусот на грипот.

Ѓумбир
Овој егзотичен зачин крие уште бројни својства па така, меѓу останатото помага и при мамурлак. Ако грицкате ѓумбир пред конзумирање на алкохол или додека пиете, ќе заборавите на главоболката која инаку, најверојатно, би ве очекувала следниот ден. Бидејќи овој зачин загрева, се препорачува во зима и чај од ѓумбир кој помага при настинки и тегоби со желудникот, а ги чисто и синусите. Во зовриена вода уфрлете неколку тркалца свеж корен од ѓумбир, оставете ги пет минути, па засладете со мед. Ѓумбирот може да се употребува и како освежителна бања која ја подобрува циркулацијата: тркалцата свеж корен од ѓумбир оставете ги да отстојат во врела вода 15 минути.