Јаболки со цимет
Вториот напиток за забрзување на метаболизмот се подготвува од јаболки кои се богати со влакна. За да го подготвите напитокот, исечкајте го јаболкото на тенки делови и прелијте го со 300 мл вода. Потоа додадете 10 лажици мелен цимет кој е познат по своите корисни функции – го забрзува метаболизмот и помага за согорување на мастите. Состојките треба да отстојат два часа на ладно место пред консумирање. Пијте го пред спиење.
Меден напиток
Медот е еден од најефикасните производи кои го забрзува метаболизмот, ја промовира регенерацијата на ткивото и има антиинфламаторни и антимикробни ефекти. Медот и циметот се одлична двојка за губење на тежината и совршено се дополнуваат.
Земете пола лажичка мелен цимет и разматете го во чаша вода. Кога водата со циметот ќе проврие, покријте ја и оставете ја на половина час. Додадете една лажичка мед и одново измешајте. Пијте го овој напиток 2 пати дневно – на празен желудник и навечер.