Кисела или свежа, зелката е присутна на трпезите во текот на целата година. Иако обично се мисли дека свежите зеленчуци се поздрави од преработените, тоа не важи и за киселата зелка која е исто толку здрава како и свежата. Освен што е вкусна, киселата зелка содржи фитонутриенти, сулфурни соединенија кои го штитат нашето тело од рак на желудник. Заради тоа лекарите често им го препорачуваат на луѓето кои имаат проблеми со варењето и воопшто, чувствителен желудник.
Еве кои се останатите лековити својства на киселата зелка:
Ја исцелува оштетената кожа, а освен тоа, и ја подмладува.
Го ублажува стресот
Го подобрува расположението
Го помага создавањето на црвени крвни зрнца затоа што е богат со витамин Б12
Помага за зараснување на коските
Го јакне имунитетот
Благотворно делува врз органите за варење, желудникот и цревата
Помага при излачувањето на штетните материи од организмот
Го снижува покачениот холестерол.