Утрата веќе ја навестуваат есента, но попладнињара се се уште со летни температури, па би било штета да не ги искористиме за уживање во омилениот летен деликатес, сладоледот.
Но наместо да го купуваме, многу едноставно и лесно можеме да го направиме и дома. Да не споменуваме и колку е поздрава оваа варијанта.
Состојки:
2 банани
Една рака лешници
1 лаица какао
Прстофат сол
1 лаичка цимет
Пола ванилин шеќер
Приготвување:
Ставете ги бананите во замрзнувач на еден ден. Пред да ги извадите, пропржете ги лешниците во рерна и почекајте да се оладат. Кога ќе ги извадите бананите од замрзнувач, ставете ги сите состојки во блендер и измешајте. По желба можете слладоледот да го украсите и со прелив од чоколадо, да го поросите со какао ии со здробени лешници.
Ако сте повеќе за овошна варијанта, употребете овошје по избор (најдобро е овошје од типот на малини, капини, боровница) и замрзнатите банани и мед по желба (доколку е овошјето покисело).