Италијанската престолнина почнало 12-месечен период под името „Ricicli + Viaggi” (Рециклирај + Патувај) на три станици во подземната железница.
Програмата им овозможува за секое пластично шише да добијат 5 центи кои можат да ги искористат за возење со метро. Тие центи можат да се собираат во апликација додека не се достигне цената на билет за метро кој моментално чини 1.50 евро.
Тоа значи дека за трошоците за возењето ќе идат потребни 30 шишиња.
После 12-месечен пробен период, Рим ќе ги проучи резултатите за да утврди дали треба програмата да се прошири и на повеќе од три станици.
Иако овој програм за рециклирање е паметен, како што напишал во еден пост на Фејсбук министерот за заштита на околината Серџио Коста, идеално би било да се консумира помалку пластика за една употреба, а ако веќе купиме пластично шише или пак најдеме некое на улица, ќе може да го искористиме на паметен начин.
Сличен систем е воспоставен во истанбулската подземна железница, со тоа што таа верзија им овозможува на патниците да додадат пари на своите картици со рециклирање на пластични шишиња или алуминиумски лименки. Исто така, Индонезија овозможува замена на само 5 пластични шишиња за автобуски билет.
Фото: Pixabey